врвца
Значење на врвца:
Не многу тенка нишка за врзување. Врвци конопени. Врвци за чевли. Донесе букет цвеќе врзано со алова врвца.Множина: врвци.
Изведени зборови:
- врвче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Врзани се со папочна врвца ‒ неразделни се.
Оригинални податоци:
врвца, мн. врвци ж. Не многу тенка нишка за врзување. Врвци конопени. Врвци за чевли. Донесе букет цвеќе врзано со алова врвца. ◊ Врзани се со папочна врвца ‒ неразделни се. ǁ врвче, мн. врвчиња ср. дем.