врвеж
Само во еднина.
Значење на врвеж:
1. Чекорење, одење. Си отиде со оној нејзин лесен врвеж. Се слушаше врвеж на минувачи.
2. (прен.) Минување, тек. Умот ни е ограничен од бавниот врвеж на времето.
Оригинални податоци:
врвеж (само едн.) м. 1. Чекорење, одење. Си отиде со оној нејзин лесен врвеж. Се слушаше врвеж на минувачи. 2. (прен.) Минување, тек. Умот ни е ограничен од бавниот врвеж на времето.