врзе

Глагол, свршен

Значење на врзе:

1. Соедини, спои со јазол два краја на конец, јаже и сл. Ги врза врвците на чевлите.

2. Обвитка, стави, спакува во нешто и стегне со јаже, со врвка и др. Со синџири ги врза дивите горски ѕверки. На главата ќе врзе црвен шал. Го врза зајакот во вреќа. Ги врза жолтиците во едно шамивче. Му ги врза очите со шамија.

3. Ограничи, оневозможи движење на некого, на нешто, прикрепувајќи, приврзувајќи го со јаже и сл. Ги врзаа маските на јаслите. Го врза коњчето во дворот. Рибарот го врза чунот крај брегот. Му ги врзаа рацете и нозете, го пикнаа в зандана. Врзете им ги рацете! 4. Закачи, обеси нешто на нешто. Му врзаа камен околу гуша и го фрлија во езерото. Крени го скутникот и убаво врзи го на половината! Бело гушалче си врзала.

4. (прен.) Приврзе, придобие за нешто, освои. Со топлите очи таа го врза за себе.

5. (прен.) Обврзе, задолжи, принуди на нешто. Со договорот ги врза лекарите да не можат да му дадат отказ.

6. (прен.) За растение ‒ заврзе плод. Овошката врза плод.

Коњугација: врзаа , врзав , врзал , врзан , врзат , врзете , врзи , (ќе) врзеа , (ќе) врзев , (ќе) врзел.

Изведени зборови:

  • врзување, глаг. им. ср.
  • се ~ врзе, 1. (прен.) Се приврзе за нешто. Децата се врзааа за домот. Се врза за работата. 2. Се обвитка, се стегне со јаже, со врвка и др. Се врза со шалот.
  • (се) врзува, глаг. несв. (се) врзуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Врзе шлаканица ‒ со рака удри по лице. Му се врза јазикот ‒ замолчи, изгуби волја за зборување. Врзе крај со крај ‒ тешко успева да преживее. Врзе во крпче/врзе во умот ‒ запамети. Врзе коска/врзе снага ‒ зајакне, зацврсти.

Оригинални податоци:

врзе, врзат; врзи, врзете; врзав, врзаа; врзал; врзан; (ќе) врзев, (ќе) врзеа; (ќе) врзел св. 1. Соедини, спои со јазол два краја на конец, јаже и сл. Ги врза врвците на чевлите. 2. Обвитка, стави, спакува во нешто и стегне со јаже, со врвка и др. Со синџири ги врза дивите горски ѕверки. На главата ќе врзе црвен шал. Го врза зајакот во вреќа. Ги врза жолтиците во едно шамивче. Му ги врза очите со шамија. 3. Ограничи, оневозможи движење на некого, на нешто, прикрепувајќи, приврзувајќи го со јаже и сл. Ги врзаа маските на јаслите. Го врза коњчето во дворот. Рибарот го врза чунот крај брегот. Му ги врзаа рацете и нозете, го пикнаа в зандана. Врзете им ги рацете! 4. Закачи, обеси нешто на нешто. Му врзаа камен околу гуша и го фрлија во езерото. Крени го скутникот и убаво врзи го на половината! Бело гушалче си врзала. 5. (прен.) Приврзе, придобие за нешто, освои. Со топлите очи таа го врза за себе. 6. (прен.) Обврзе, задолжи, принуди на нешто. Со договорот ги врза лекарите да не можат да му дадат отказ. 7. (прен.) За растение ‒ заврзе плод. Овошката врза плод. ● се ~ 1. (прен.) Се приврзе за нешто. Децата се врзааа за домот. Се врза за работата. 2. Се обвитка, се стегне со јаже, со врвка и др. Се врза со шалот. ◊ Врзе шлаканица ‒ со рака удри по лице. Му се врза јазикот ‒ замолчи, изгуби волја за зборување. Врзе крај со крај ‒ тешко успева да преживее. Врзе во крпче/врзе во умот ‒ запамети. Врзе коска/врзе снага ‒ зајакне, зацврсти. ǁ (се) врзува, (се) врзуваат несв. ǁ глаг. им. врзување ср.