всади

Глагол, свршен

Значење на всади:

1. Вметне, втисне во нешто, зацврсти во лежиштето.

2. (прен.) Со воспитание, со влијание или со постапка вкорени некому нешто, направи добро да запамети. Ние сме им всадиле навик за читање. Всади го во мене твојот лик!

Коњугација: всадат.

Изведени зборови:

  • всадување, глаг. им. ср.
  • се ~ всади, (прен., само 3 л.) Се зацврсти трајно. Му се всадила една желба. Мислата цврсто се всади во него.
  • (се) всадува, глаг. несв. (се) всадуваат

Оригинални податоци:

всади, всадат св. 1. Вметне, втисне во нешто, зацврсти во лежиштето. 2. (прен.) Со воспитание, со влијание или со постапка вкорени некому нешто, направи добро да запамети. Ние сме им всадиле навик за читање. Всади го во мене твојот лик! ● се ~ (прен., само 3 л.) Се зацврсти трајно. Му се всадила една желба. Мислата цврсто се всади во него. ǁ (се) всадува, (се) всадуваат несв. ǁ глаг. им. всадување ср.