втемели
Значење на втемели:
1. Постави темели на нешто; основа нешто. На најубавото место сме ги втемелиле куќите.
2. Заснова, цврсто постави врз доказ, факт (за текст, став, мислење и сл.). Врз што ги темелиш твоите тврдења?
Коњугација: втемелат.
Изведени зборови:
- се ~ втемели, (прен.) Се вкорени, се всади, се зацврсти. Во тие кругови се втемели мислење дека историјата се повторува.
- (се) втемелува, глаг. несв. (се) втемелуваат
Оригинални податоци:
втемели, втемелат св. 1. Постави темели на нешто; основа нешто. На најубавото место сме ги втемелиле куќите. 2. Заснова, цврсто постави врз доказ, факт (за текст, став, мислење и сл.). Врз што ги темелиш твоите тврдења? ● се ~ (прен.) Се вкорени, се всади, се зацврсти. Во тие кругови се втемели мислење дека историјата се повторува. ǁ (се) втемелува, (се) втемелуваат несв.