втисне

Глагол, свршен

Значење на втисне:

1. Со притискање врз некој предмет направи негов отпечаток во нешто, со притисок остави трага во нешто. Неговите стапалки ги втисна во песокта.

2. (прен.) Запамети, вреже во сеќавање. Сака да ја втисне во душата нејзината спокојна насмевка.

Коњугација: втиснаа , втиснав , втиснал , втиснат , втиснат , втиснете , втисни , (ќе) втиснеа , (ќе) втиснев , (ќе) втиснел.

Изведени зборови:

  • втиснување, глаг. им. ср.
  • се ~ втисне, Се смести во тесен простор. Се втисна во аголот.
  • (се) втиснува, глаг. несв. (се) втиснуваат

Оригинални податоци:

втисне, втиснат; втисни, втиснете; втиснав, втиснаа; втиснал; втиснат; (ќе) втиснев, (ќе) втиснеа; (ќе) втиснел св. 1. Со притискање врз некој предмет направи негов отпечаток во нешто, со притисок остави трага во нешто. Неговите стапалки ги втисна во песокта. 2. (прен.) Запамети, вреже во сеќавање. Сака да ја втисне во душата нејзината спокојна насмевка. ● се ~ Се смести во тесен простор. Се втисна во аголот. ǁ (се) втиснува, (се) втиснуваат несв. ǁ глаг. им. втиснување ср.