втоне
Значење на втоне:
1. Исчезне во длабочините на вода, песок и сл.; потоне, пропадне. Се држи за да не втоне во водите и да не им се даде на чудовиштата.
2. (прен.) Пропадне во сон, заспие. Воопшто не знаев за себеси, втонав во бладачки сон.
3. (прен.) Потоне во мисли, се задлабочи во нешто. Се обидов да втонам во страниците на новото издание. Втона во своите мисли.
Коњугација: втонаа , втонав , втонал , втонат , втонат , втонете , втони , (ќе) втонеа , (ќе) втонев , (ќе) втонел.
Изведени зборови:
- втонува, глаг. несв. втонуваат
Оригинални податоци:
втоне, втонат; втони, втонете; втонав, втонаа; втонал; втонат; (ќе) втонев, (ќе) втонеа; (ќе) втонел св. 1. Исчезне во длабочините на вода, песок и сл.; потоне, пропадне. Се држи за да не втоне во водите и да не им се даде на чудовиштата. 2. (прен.) Пропадне во сон, заспие. Воопшто не знаев за себеси, втонав во бладачки сон. 3. (прен.) Потоне во мисли, се задлабочи во нешто. Се обидов да втонам во страниците на новото издание. Втона во своите мисли. ǁ втонува, втонуваат несв.