втор

Број

Значење на втор:

1. Што е по ред зад првиот, редна бројна придавка според бројот два. Втор ред. Втор чин. Втор дел. Второ издание. Втора светска војна. Втор брат.

2. Што се разликува од претходниот, друг, поинаков, нов. Втор живот. Втора шанса.

3. Што не е главен, туку е веднаш зад главниот, што оди заедно со главниот, а е од помала важност. Беше повикана да му биде втора мајка. Втор братучед.

Множина: втори.

Членувана форма: вториот.

Алтернативно: втори

Фразеолошки израз / поговорка:

Од втора рака ‒ од посредник, несигурен извор. Втора природа ‒ вкоренета навика. Второ пришествие (црков.) – страшен суд.

Оригинални податоци:

втор и втори, вториот, мн. втори бр. 1. Што е по ред зад првиот, редна бројна придавка според бројот два. Втор ред. Втор чин. Втор дел. Второ издание. Втора светска војна. Втор брат. 2. Што се разликува од претходниот, друг, поинаков, нов. Втор живот. Втора шанса. 3. Што не е главен, туку е веднаш зад главниот, што оди заедно со главниот, а е од помала важност. Беше повикана да му биде втора мајка. Втор братучед. ◊ Од втора рака ‒ од посредник, несигурен извор. Втора природа ‒ вкоренета навика. Второ пришествие (црков.) – страшен суд.