вулгарен
Значење на вулгарен:
1. Што е груб, непристоен, простачки, невоспитан. Оние што се вулгарни кон светците, не се добри.
2. (филол.) Народен, простонароден. Вулгарен латински јазик.
Членувана форма: вулгарниот.
Изведени зборови:
- вулгарно, прил. Тој со тупаници се бранеше и пцуеше највулгарно.
- вулгарност, и. ж.
Оригинални податоци:
вулгарен, вулгарниот прид. 1. Што е груб, непристоен, простачки, невоспитан. Оние што се вулгарни кон светците, не се добри. 2. (филол.) Народен, простонароден. Вулгарен латински јазик. ǁ вулгарно, прил. Тој со тупаници се бранеше и пцуеше највулгарно. ǁ вулгарност, мн. вулгарности ж.