вжештен
Значење на вжештен:
1. Што е многу загреан. Вжештената печка татнеше во малото сопче. Со вжештено железо го бележеа добитокот.
2. (прен.) Што личи дека е многу загреан. Вжештени образи.
Членувана форма: вжештениот.
Изведени зборови:
- вжештеност, и. ж.
Оригинални податоци:
вжештен, вжештениот прид. 1. Што е многу загреан. Вжештената печка татнеше во малото сопче. Со вжештено железо го бележеа добитокот. 2. (прен.) Што личи дека е многу загреан. Вжештени образи. ǁ вжештеност ж.