за
Значење на за:
Може да означува:Изведени зборови:
- за да, сврз. сп. да. 1. Во зависносложена реченица како дел од зависната за да се навести целта за извршувањето или за неизвршувањето на дејството, создавајќи причинско-последичен однос меѓу дејствата во дел-речениците. Тој дојде за да ни помогне. Таа работи за да заработи. За да ме види, тој дојде. 2. За надоврзување на дејства со нецелна нијанса. Тој со месеци тагуваше за да се повлече дома сам по некое време. Таа одеше замислена за да влезе потоа во првата продавница. 3. За образување исказни реченици (ретко). Тој не мисли за да се збогати.
- за дека, сврз. в. бидејќи; зашто; затоа што. За изразување причина за неизвршување на дејството. Тие не работат многу за дека не им требаат пари.
Оригинални податоци:
за, предл. Може да означува: 1. Фаќање, држење на нешто кон кое е насочено дејството. Кога слушна, се фати за коса. По целиот пат ја држеше за рака. 2. Цел, насоченост на глаголското дејство. Говедарот го собира добитокот за пасење. 3. Крајна цел на движењето. Утре рано заминувам за Битола. 4. Намена на нешто. Располагаме со секаква опрема за заштита од пожари. Овој материјал е само за здолништа. 5. Погодност за вршење или невршење на некое дејство. Имавме идеално време за вежбање. Ти си мома за мажење. 6. Причина. Го критикувавме за таквото негово однесување. Никој не му честита за женењето на син му. 7. Соодветно вреднување, сразмерност, количество, цена на нешто при купување, замена и сл. За три настапи ќе добиеш цела плата. Купил шеќер за илјада денари. Око за око, заб за заб. 8. Споредба на различни нешта, неидентичност. Мерењето покажува дека дозволената тежина ја надминуваш за цели пет килограми. Копијата за нијанса се разликува од оригиналот. 9. Времетраење: а) Последователност. Ден за ден си врвеше, а ние чекавме беспомошни. б) Измореност. На сите прашања треба да одговорите за петнаесет минути. в) Конкретност. Цело село се собира за Водици. г) Севременост. Да даде госопод да опстојувате за век и векови. 10. Предмет на дејство со некои глаголи како зборува, мисли, се сеќава, прашува, се интересира и сл. Зборувавме за сè и сешто. Дали си размислувал за последиците што ќе настанат? Прашуваат за тебе и за твојот вујко. 11. Дополнување, дообјаснување на предметот на дејството според некој признак (функција, звање, својство и сл.) Да ви се пофалам дека ме назначија за прв секретар. Ректорот го прогласи некогашниот лектор по италијански јазик за почесен доктор на Скопскиот универзитет. 12. (ретко, нар. поез.) Одзади, од другата страна. Гано Загорјано, зајдело е солнце за гора зелена, за сење, за јасење, за високо борје. 13. Поткрепа на нешто. Сите се изјаснивме за, само Јане беше против. 14. Чувствен однос или личен став кон нешто. Човекот е за гревови, немојте да се смеете. За среќа, не бев во собата кога се случи тоа. За големо чудо, се премисли џелатот и никого не стрела таа ноќ. 15. Желба, здравица. Ја кревам оваа чаша за ваше здравје и за успех во работата. 16. Заедно со некој друг предлог, обично придава значење на намена, цел. Се облекла како за на бал. Два бајрака, едниот за на свадба, другиот за на војска. Не треба да излегува, не е за пред луѓе. Перничево е добро за под глава. ‖ за да сврз. сп. да. 1. Во зависносложена реченица како дел од зависната за да се навести целта за извршувањето или за неизвршувањето на дејството, создавајќи причинско-последичен однос меѓу дејствата во дел-речениците. Тој дојде за да ни помогне. Таа работи за да заработи. За да ме види, тој дојде. 2. За надоврзување на дејства со нецелна нијанса. Тој со месеци тагуваше за да се повлече дома сам по некое време. Таа одеше замислена за да влезе потоа во првата продавница. 3. За образување исказни реченици (ретко). Тој не мисли за да се збогати. ‖ за дека (дијал.) в. бидејќи; зашто; затоа што. За изразување причина за неизвршување на дејството. Тие не работат многу за дека не им требаат пари.