заб
Значење на заб:
1. Еден од белузлавите коскени израстоци во вилиците на човекот и на животно што служат за кинење и за џвакање храна во устата. Горни (долни) заби. Предни заби. Имаше убави бели заби. Ги стисна забите.
2. (прен.) забец 3. Издаден дел од нешто во облик на заб. Меѓу два заба на кулата виде како се наведна една висока силуета. 4. (прен.) Нешто што нагризува, разјадува, уништува. Беше поштеден од разјадувачкиот заб на соленото море. Одамна веќе забот на зората гладно ја загриза темнината.
Множина: заба, заби.
Изведени зборови:
- забиште, и. ср. аугм.
- запче, и. ср. мн. запчиња; запченце, мн. запченца дем. и хип.
Фразеолошки израз / поговорка:
Кучешки (песји) заб – заб меѓу предните заби и катниците. Детето вади заби – на детето му никнуваат првите заби. Вооружен до заби – премногу вооружен. (Го) има (зеде) на заб – прогонува некого, му прави незгоди, пакост. Има заби – за некој што е остар, непријатен, опасен. Покаже заби – настапи остро. Стега заби – храбро трпи, поднесува нешто. Зборува низ заби – зборува одвај чујно, тивко, неразбирливо. Заб не обелува – молчи, не проговара ни збор. Му дошла душата во забите – 1. Многу се изморил, исцрпил. 2. На умирање е, пред умирање е. Заб на времето – (книж.) разорна сила на годините, на времето, пропаѓање поради долгото траење. Око за око, заб за заб – (библ.) треба да се одмазди, да се врати на ист начин. На подарен коњ забите не му се гледаат – (посл.) на подарокот не му се наоѓа мана.
Оригинални податоци:
заб, мн. заби, избр. мн. заба м. 1. Еден од белузлавите коскени израстоци во вилиците на човекот и на животно што служат за кинење и за џвакање храна во устата. Горни (долни) заби. Предни заби. Имаше убави бели заби. Ги стисна забите. 2. (прен.) в. забец 1. 3. Издаден дел од нешто во облик на заб. Меѓу два заба на кулата виде како се наведна една висока силуета. 4. (прен.) Нешто што нагризува, разјадува, уништува. Беше поштеден од разјадувачкиот заб на соленото море. Одамна веќе забот на зората гладно ја загриза темнината. ◊ Кучешки (песји) заб – заб меѓу предните заби и катниците. Детето вади заби – на детето му никнуваат првите заби. Вооружен до заби – премногу вооружен. (Го) има (зеде) на заб – прогонува некого, му прави незгоди, пакост. Има заби – за некој што е остар, непријатен, опасен. Покаже заби – настапи остро. Стега заби – храбро трпи, поднесува нешто. Зборува низ заби – зборува одвај чујно, тивко, неразбирливо. Заб не обелува – молчи, не проговара ни збор. Му дошла душата во забите – 1. Многу се изморил, исцрпил. 2. На умирање е, пред умирање е. Заб на времето – (книж.) разорна сила на годините, на времето, пропаѓање поради долгото траење. Око за око, заб за заб – (библ.) треба да се одмазди, да се врати на ист начин. На подарен коњ забите не му се гледаат – (посл.) на подарокот не му се наоѓа мана. ‖ запче, мн. запчиња; запченце, мн. запченца ср. дем. и хип. ‖ забиште, мн. забишта ср. аугм.