забања

Глагол, свршен

Значење на забања:

1. Почне да бања некого; бања. Мајката само што го забања детето, тоа почна да плаче.

2. Избања некого малку, набрзина; пробања. Го забања набрзина.

Коњугација: забањаат.

Изведени зборови:

  • се ~ забања, 1. Почне да се бања. Се забања, ама не го оставија да се добања. 2. Се избања малку, набрзина; се пробања. Се забањавме надве-натри.
  • (се) забањува, глаг. повт. (се) забањуваат

Оригинални податоци:

забања, забањаат св. 1. Почне да бања некого; сп. бања. Мајката само што го забања детето, тоа почна да плаче. 2. Избања некого малку, набрзина; пробања. Го забања набрзина. ● се ~ 1. Почне да се бања. Се забања, ама не го оставија да се добања. 2. Се избања малку, набрзина; се пробања. Се забањавме надве-натри. ‖ (се) забањува, (се) забањуваат повт.