забатали
Разговорен збор, израз.
Значење на забатали:
Запусти, занемари некого или нешто. Тој се затвори дома и ги забатали другарите. Се оддал на шетање и го забаталил школувањето.Коњугација: забаталат.
Изведени зборови:
- забаталување, глаг. им. ср.
- се ~ забатали, Се запусти, се занемари. Се препушти на безделништво и се забатали.
- (се) забаталува, глаг. несв. (се) забаталуваат
Оригинални податоци:
забатали, забаталат св. (разг.) Запусти, занемари некого или нешто. Тој се затвори дома и ги забатали другарите. Се оддал на шетање и го забаталил школувањето. ● се ~ Се запусти, се занемари. Се препушти на безделништво и се забатали. ‖ (се) забаталува, (се) забаталуваат несв. ‖ глаг. им. забаталување ср.