забавен 2
Значење на забавен:
1. Што забавува, разонодува, што е занимлив, интересен. Тој беше многу внимателен и забавен. Беше авантурист што сака возбудливи и забавни патувања.
2. Што служи за забава, за разонода. Програмата има рекреативен и забавен карактер. На грамафонот стави плоча со забавна музика.
Членувана форма: забавниот.
Изведени зборови:
- забавно, прил. 1. Прави нешто на интересен начин. Раскажуваше многу забавно. 2. безл. Станува забавно. Овде му беше забавно.
- забавност, и. ж.
Оригинални податоци:
забавен2, забавниот прид. 1. Што забавува, разонодува, што е занимлив, интересен. Тој беше многу внимателен и забавен. Беше авантурист што сака возбудливи и забавни патувања. 2. Што служи за забава, за разонода. Програмата има рекреативен и забавен карактер. На грамафонот стави плоча со забавна музика. ‖ забавно прил. 1. Прави нешто на интересен начин. Раскажуваше многу забавно. 2. безл. Станува забавно. Овде му беше забавно. ‖ забавност ж.