забавува

Глагол, несвршен

Значење на забавува:

Разонодува, занимава некого. Со своите песни и игри жените ги забавуваа војниците. Телевизијата со некои свои емисии ги забавуваше и возрасните и децата.

Коњугација: забавуваат.

Изведени зборови:

  • забавување, глаг. им. ср.
  • се ~ забавува, 1. Се разонодува, ужива во нешто. Денеска баш добро се забавувавме. Сите се забавуваа и се веселеа. 2. Има љубовна врска со некого. Таа се забавува со едно момче од нашата улица. Тие се забавуваат две години.

Оригинални податоци:

забавува, забавуваат несв. Разонодува, занимава некого. Со своите песни и игри жените ги забавуваа војниците. Телевизијата со некои свои емисии ги забавуваше и возрасните и децата. ● се ~ 1. Се разонодува, ужива во нешто. Денеска баш добро се забавувавме. Сите се забавуваа и се веселеа. 2. Има љубовна врска со некого. Таа се забавува со едно момче од нашата улица. Тие се забавуваат две години. ‖ глаг. им. забавување ср.