забелешка
Значење на забелешка:
1. Дополнување кон нешто што е претходно кажано; коментар, досетка. Малкумина ја слушнаа оваа зајадлива забелешка. Тој не одговори на неговата забелешка. Го проследија говорот со забелешки од своја страна.
2. Приговор, критика. Беше во недоумица дали е тоа пофалба или забелешка. Претпоставувам дека нема никаква забелешка од твоја страна. Постојат извесни забелешки што можат да му се направат на преводот.
3. Кратко писмено објаснување или дополнување кон определен текст. Посебно внимание привлекува забелешката кон ова предание. Втората забелешка ја среќаваме во фуснотата на песната. Овој податок го среќаваме во уводните забелешки на книгата.
4. Кратко забележан исказ, податок, мисла и сл.; белешка_2 Една забелешка сведочи за неговите јазични согледувања. Во фамилијата се чувале книги и забелешки од прочуени арапски лекари.
Множина: забелешки.
Оригинални податоци:
забелешка, мн. забелешки ж. 1. Дополнување кон нешто што е претходно кажано; коментар, досетка. Малкумина ја слушнаа оваа зајадлива забелешка. Тој не одговори на неговата забелешка. Го проследија говорот со забелешки од своја страна. 2. Приговор, критика. Беше во недоумица дали е тоа пофалба или забелешка. Претпоставувам дека нема никаква забелешка од твоја страна. Постојат извесни забелешки што можат да му се направат на преводот. 3. Кратко писмено објаснување или дополнување кон определен текст. Посебно внимание привлекува забелешката кон ова предание. Втората забелешка ја среќаваме во фуснотата на песната. Овој податок го среќаваме во уводните забелешки на книгата. 4. Кратко забележан исказ, податок, мисла и сл.; сп. белешка 2. Една забелешка сведочи за неговите јазични согледувања. Во фамилијата се чувале книги и забелешки од прочуени арапски лекари.