забележи

Глагол, свршен

Значење на забележи:

1. Запише нешто. Зеде хартија да забележи неколку збора. Записничарот не го забележал целосно моето искажување.

2. Види, здогледа некого или нешто. Се трудев меѓу присутните да забележам познати лица. Тој го забележи човекот што се спушташе по сртот. Во темната ноќ ништо не можеа да забележат.

3. Сфати, согледа нешто, стане свесен за нешто. Тој не ги забележил промените околу себе. Не забележа колку време е поминато. Офицерите ја забележаа неговата збунетост.

4. Постигне, оствари нешто. Од оваа позиција му зависи дали ќе го забележи саканиот успех или не. Лани нашата фирма забележа добри финансиски резултати. Домашната екипа забележа победа без поголеми напори.

5. Приговори, изрази неодобрување. Можам да правам што сакам и нема никој да ми забележи. Не можеш да му забележиш што го сторил тоа. Таа му забележа што не се сети на нејзиното име.

6. Истакне, одбележи нешто. Како најважен факт во неговата биографија треба да го забележиме неговото заминување во Русија. Таа сцена можеме да ја забележиме како најдобра во целата изведба. Да преминеме кон прашањето што погоре го забележавме.

7. Искаже, додаде уште нешто при зборувањето. Ниту го велам тоа, ниту го мислам – забележа тој. Попусто го напаѓаш – без злоба забележа таа. Никој не знае дека сум овдека – мирно забележи тој.

Коњугација: забележаа , забележат , забележен и забележан , забележете , забележи , забележив , забележија и забележав , забележил и забележал , (ќе) забележеа , (ќе) забележев , (ќе) забележел.

Изведени зборови:

  • забележува, глаг. несв. забележуваат
  • забележување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

забележи, забележат; забележи, забележете; забележив, забележија и забележав, забележаа, забележил и забележал; забележен и забележан; (ќе) забележев, (ќе) забележеа; (ќе) забележел св. 1. Запише нешто. Зеде хартија да забележи неколку збора. Записничарот не го забележал целосно моето искажување. 2. Види, здогледа некого или нешто. Се трудев меѓу присутните да забележам познати лица. Тој го забележи човекот што се спушташе по сртот. Во темната ноќ ништо не можеа да забележат. 3. Сфати, согледа нешто, стане свесен за нешто. Тој не ги забележил промените околу себе. Не забележа колку време е поминато. Офицерите ја забележаа неговата збунетост. 4. Постигне, оствари нешто. Од оваа позиција му зависи дали ќе го забележи саканиот успех или не. Лани нашата фирма забележа добри финансиски резултати. Домашната екипа забележа победа без поголеми напори. 5. Приговори, изрази неодобрување. Можам да правам што сакам и нема никој да ми забележи. Не можеш да му забележиш што го сторил тоа. Таа му забележа што не се сети на нејзиното име. 6. Истакне, одбележи нешто. Како најважен факт во неговата биографија треба да го забележиме неговото заминување во Русија. Таа сцена можеме да ја забележиме како најдобра во целата изведба. Да преминеме кон прашањето што погоре го забележавме. 7. Искаже, додаде уште нешто при зборувањето. Ниту го велам тоа, ниту го мислам – забележа тој. Попусто го напаѓаш – без злоба забележа таа. Никој не знае дека сум овдека – мирно забележи тој. ‖ забележува, забележуваат несв. ‖ глаг. им. забележување ср.