забележлив
Значење на забележлив:
1. Што може да се види, да се забележи. Забележлив одблесок. Забележливо движење.
2. Што остава впечаток, што се изделува, што се разликува по нешто; забележителен_2 Тој беше жив човек, духовит и забележлив. Во неговата љубезност имаше одвај забележлив звук на презир. Го правеше тоа со забележлива скромност.
Членувана форма: забележливиот.
Изведени зборови:
- забележливо, прил. Полека и одвај забележливо ѝ се појави црвенило на образите.
- забележливост, и. ж.
Оригинални податоци:
забележлив, забележливиот прид. 1. Што може да се види, да се забележи. Забележлив одблесок. Забележливо движење. 2. Што остава впечаток, што се изделува, што се разликува по нешто; сп. забележителен 2. Тој беше жив човек, духовит и забележлив. Во неговата љубезност имаше одвај забележлив звук на презир. Го правеше тоа со забележлива скромност. ‖ забележливо прил. Полека и одвај забележливо ѝ се појави црвенило на образите. ‖ забележливост ж.