забере

Глагол, свршен

Значење на забере:

1. Почне да бере; бере Уште не го забрале тутунот.

2. а) Поведе некого со себе. Ќе го заберам и него малку да прошетаме. б) Одведе некого присилно, против неговата волја. Ноќеска го забрале и го затвориле. в) Присвои нешто туѓо со водење. Му ги забра двете најубави крави и си ги присвои.

3. За добиток – потера да оди некаде. Отиде да ги забере коњите, да ја спрегне чезата. Се токмеше да ги забере селските говеда.

4. Завлече нешто ненамерно (при одење, при движење на нешто). Влегувајќи го забра ѓубрето со себе. Го забра килимот со столот.

Коњугација: заберат , заберен, заберете , забери , забраа , забрав , забрал , забран , (ќе) забереа , (ќе) заберев , (ќе) заберел .

Изведени зборови:

  • глаг. несв. (се) забира, (се) забираат/(се) заберува, (се) заберуваат
  • се ~ забере, 1. Се собере, се збере на куп, на едно место. Се забрале селаните на сретсело. 2. Тргне да оди, да прави нешто. Кај си се забрал олку рано. Се забрал да се расправа со децата.

Оригинални податоци:

забере, заберат; забери, заберете; забрав, забраа; забрал; забран; (ќе) заберев, (ќе) забереа; (ќе) заберел; заберен св. 1. Почне да бере; сп. бере 1. Уште не го забрале тутунот. 2. а) Поведе некого со себе. Ќе го заберам и него малку да прошетаме. б) Одведе некого присилно, против неговата волја. Ноќеска го забрале и го затвориле. в) Присвои нешто туѓо со водење. Му ги забра двете најубави крави и си ги присвои. 3. За добиток – потера да оди некаде. Отиде да ги забере коњите, да ја спрегне чезата. Се токмеше да ги забере селските говеда. 4. Завлече нешто ненамерно (при одење, при движење на нешто). Влегувајќи го забра ѓубрето со себе. Го забра килимот со столот. ● се ~ 1. Се собере, се збере на куп, на едно место. Се забрале селаните на сретсело. 2. Тргне да оди, да прави нешто. Кај си се забрал олку рано. Се забрал да се расправа со децата. ‖ (се) забира, (се) забираат/(се) заберува, (се) заберуваат несв. ‖ глаг. им. забирање/заберување ср.