заби се

Глагол, несвршен

Значење на заби се:

1. За животно – покажува заби, 'ржи. Кучето му се забеше на војникот.

2. (прен.) Се заканува, се сили некому. Ти многу се забиш некако. Луѓето чудно нè гледаат и ни се забат.

3. (прен.) Се појавува, се покажува нешто со остри, издадени делови. Пред него се забеа сиви карпи. Се забеа камени ридје, прошарани негде–годе со расфрлани нивје.

Коњугација: се забат.

Изведени зборови:

  • забење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

заби се, се забат несв. 1. За животно – покажува заби, 'ржи. Кучето му се забеше на војникот. 2. (прен.) Се заканува, се сили некому. Ти многу се забиш некако. Луѓето чудно нè гледаат и ни се забат. 3. (прен.) Се појавува, се покажува нешто со остри, издадени делови. Пред него се забеа сиви карпи. Се забеа камени ридје, прошарани негде–годе со расфрлани нивје. ‖ глаг. им. забење ср.