забие
Значење на забие:
1. Со удар или со притисок направи нешто да навлезе во друго нешто; забоде, закове. Никој не виде кога му го забија ножот во градите. Ќе забиеме кол в земја и ќе го врземе коњот.
2. (прен.) Изврши предавство, предаде некого. Му заби нож во грбот.
Коњугација: забив , забиен, забиј , забија , забијат , забијте , забил , (ќе) забиев , (ќе) забиеја , (ќе) забиел .
Изведени зборови:
- забивање, глаг. им. ср.
- (се) забива, глаг. несв. (се) забиваат
- се ~ забие, Се забоде, се вовлече. Мечот се заби во неговите гради. Нечии нозе се забија во слабините на шумарот.
Оригинални податоци:
забие, забијат; забиј, забијте; забив, забија; забил; (ќе) забиев, (ќе) забиеја; (ќе) забиел; забиен св. 1. Со удар или со притисок направи нешто да навлезе во друго нешто; забоде, закове. Никој не виде кога му го забија ножот во градите. Ќе забиеме кол в земја и ќе го врземе коњот. 2. (прен.) Изврши предавство, предаде некого. Му заби нож во грбот. ● се ~ Се забоде, се вовлече. Мечот се заби во неговите гради. Нечии нозе се забија во слабините на шумарот. ‖ (се) забива, (се) забиваат несв. ‖ глаг. им. забивање ср.