заблажи
Значење на заблажи:
Направи нешто да биде благо, слатко. Го заблажи чајот со мед.Коњугација: заблажат.
Изведени зборови:
- заблажување, глаг. им. ср.
- се ~ заблажи, 1. Касне нешто благо, слатко; се облажи. Се излутија со пиперките, па се заблажија со локум. 2. (прен.) Стане добро, убаво; се подобри. Му се заблажил разговорот со чорбаџијата. Попладнето ветерот стивна, времето се заблажи. 3. (дијал.) Почне да мрси. Уште траеја постите, а тој веќе се заблажи.
- (се) заблажува, глаг. несв. (се) заблажуваат
Оригинални податоци:
заблажи, заблажат св. Направи нешто да биде благо, слатко. Го заблажи чајот со мед. ● се ~ 1. Касне нешто благо, слатко; се облажи. Се излутија со пиперките, па се заблажија со локум. 2. (прен.) Стане добро, убаво; се подобри. Му се заблажил разговорот со чорбаџијата. Попладнето ветерот стивна, времето се заблажи. 3. (дијал.) Почне да мрси. Уште траеја постите, а тој веќе се заблажи. ‖ (се) заблажува, (се) заблажуваат несв. ‖ глаг. им. заблажување ср.