заблуден
Значење на заблуден:
1. Што е паднат во заблуда, што е грешен, измамен. Ни ја изнесуваше биографијата на заблудениот другар. Сите се прогонети, несреќни и заблудени.
2. Што се однесува на заблуда. Заблудена состојба.
Членувана форма: заблудениот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Заблудена овца – тој што е во заблуда; измамен.
Оригинални податоци:
заблуден, заблудениот прид. 1. Што е паднат во заблуда, што е грешен, измамен. Ни ја изнесуваше биографијата на заблудениот другар. Сите се прогонети, несреќни и заблудени. 2. Што се однесува на заблуда. Заблудена состојба. ◊ Заблудена овца – тој што е во заблуда; измамен.