заболи
Значење на заболи:
1. Почне да ме (те, го...) боли, ми се појави физичка болка. Му се оптегна жилата на раката и остро го заболе. Го заболе силно главата.
2. Стане болен, се поболи. Ми е страв да не сум заболел од офтика. Ќерка му заболела од пред две години.
3. (прен.) Предизвика душевна болка. Како некој да го удри со камшик, толку го заболе од тие зборови. Оваа несреќа многу го заболела.
Коњугација: заболат , заболеа , заболев , заболел , заболен.
Изведени зборови:
- заболува, глаг. несв. заболуваат
- заболување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
заболи, заболат; заболев, заболеа; заболел; заболен св. 1. Почне да ме (те, го...) боли, ми се појави физичка болка. Му се оптегна жилата на раката и остро го заболе. Го заболе силно главата. 2. Стане болен, се поболи. Ми е страв да не сум заболел од офтика. Ќерка му заболела од пред две години. 3. (прен.) Предизвика душевна болка. Како некој да го удри со камшик, толку го заболе од тие зборови. Оваа несреќа многу го заболела. ‖ заболува, заболуваат несв. ‖ глаг. им. заболување ср.