заборав
Само во еднина.
Значење на заборав:
Состојба на губење, на престанување на паметењето, на сеќавањето за некого или за нешто; заборавање. Времето донесува заборав. Тој зачувал од заборавот голем број песни и приказни.Фразеолошки израз / поговорка:
Извлече од заборав – го оживее сеќавањето на некого или на нешто, не допушта да биде заборавен. Фрли во заборав – 1. Заборави некого или нешто. 2. Прости нешто непријатно, како да не се случило. Падне во заборав – заборавен е, не се памети повеќе.
Оригинални податоци:
заборав (само едн.) м. Состојба на губење, на престанување на паметењето, на сеќавањето за некого или за нешто; заборавање. Времето донесува заборав. Тој зачувал од заборавот голем број песни и приказни. ◊ Извлече од заборав – го оживее сеќавањето на некого или на нешто, не допушта да биде заборавен. Фрли во заборав – 1. Заборави некого или нешто. 2. Прости нешто непријатно, како да не се случило. Падне во заборав – заборавен е, не се памети повеќе.