заборави
Значење на заборави:
1. Пропушти да направи нешто. Заборавил да дојде. Заборави да ја затвори вратата. Јас се заприкажував и заборавив да те поздравам.
2. Остави, не зеде нешто со себе поради невнимание, расеаност и сл. Да не го заборавите фенерот. Го заборавив клучот. Во трњакот ја заборавил капата.
3. Занемари, запостави, престане да се грижи за некого или за нешто. Одминуваат и не се обѕрнуваат, сосем ме заборавиле. Го однесоа во болница и го заборавија.
Коњугација: заборават.
Изведени зборови:
- заборавање, глаг. им. ср.
- (се) заборава, глаг. несв. (се) забораваат
- се ~ заборави, 1. Се занесе, се изгуби. Веќе се бев заборавил уживајќи во работата. Загледан во книгата, тој полека се заборави. Другарчињата се разиграа и онака весели се заборавија. 2. Претера во нешто, изгуби контрола над своите постапки. Може се заборавил и кажал гласно некои работи.
Оригинални податоци:
заборави, заборават св. 1. Пропушти да направи нешто. Заборавил да дојде. Заборави да ја затвори вратата. Јас се заприкажував и заборавив да те поздравам. 2. Остави, не зеде нешто со себе поради невнимание, расеаност и сл. Да не го заборавите фенерот. Го заборавив клучот. Во трњакот ја заборавил капата. 3. Занемари, запостави, престане да се грижи за некого или за нешто. Одминуваат и не се обѕрнуваат, сосем ме заборавиле. Го однесоа во болница и го заборавија. ● се ~ 1. Се занесе, се изгуби. Веќе се бев заборавил уживајќи во работата. Загледан во книгата, тој полека се заборави. Другарчињата се разиграа и онака весели се заборавија. 2. Претера во нешто, изгуби контрола над своите постапки. Може се заборавил и кажал гласно некои работи. ‖ (се) заборава, (се) забораваат несв. ‖ глаг. им. заборавање ср.