забрана

Именка, женски род

Значење на забрана:

1. Недозволување, забранување нешто да се прави, да се изврши. Сè уште важи забраната за излегување во доцните часови. Тој пиеше многу, и покрај лекарската забрана.

2. (дијал.) Ограда. Одеше покрај ниските забрани на лозјата.

Множина: забрани.

Оригинални податоци:

забрана, мн. забрани ж. 1. Недозволување, забранување нешто да се прави, да се изврши. Сè уште важи забраната за излегување во доцните часови. Тој пиеше многу, и покрај лекарската забрана. 2. (дијал.) Ограда. Одеше покрај ниските забрани на лозјата.