забрани 1

Глагол, свршен

Значење на забрани:

1. Не дозволи да се прави, да се врши нешто. На дечињата им забранија секакво зближување со војските. Му забранил да зборува за нивните трговски работи.

2. Не дозволи да се користи, да се употреби нешто. Водата е забранета за пиење. Списанието наскоро беше забрането.

Коњугација: забранат.

Изведени зборови:

  • забранува, глаг. несв. забрануваат
  • забранување, глаг. им. ср. забранување, PLUR_забранувања Никој не ги почитуваше наметнатите забранувања.

Оригинални податоци:

забрани1, забранат св. 1. Не дозволи да се прави, да се врши нешто. На дечињата им забранија секакво зближување со војските. Му забранил да зборува за нивните трговски работи. 2. Не дозволи да се користи, да се употреби нешто. Водата е забранета за пиење. Списанието наскоро беше забрането. ‖ забранува, забрануваат несв. ‖ глаг. им. забранување, мн. забранувања ср. Никој не ги почитуваше наметнатите забранувања.