забразди

Глагол, свршен

Значење на забразди:

1. Почне да бразди; бразди 1, 2, 3 и 4. Цврсто држејќи го плугот, ја забразди нивата. Небото го забраздија молњи.

2. (прен.) Претера во нешто, отиде предалеку; ја премина дозволената граница. Знаеше дека забраздил. Далеку сме забраздиле, назад не се може.

Коњугација: забраздат.

Изведени зборови:

  • забраздува, глаг. несв. забраздуваат
  • забраздување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

забразди, забраздат св. 1. Почне да бразди; сп. бразди 1, 2, 3 и 4. Цврсто држејќи го плугот, ја забразди нивата. Небото го забраздија молњи. 2. (прен.) Претера во нешто, отиде предалеку; ја премина дозволената граница. Знаеше дека забраздил. Далеку сме забраздиле, назад не се може. ‖ забраздува, забраздуваат несв. ‖ глаг. им. забраздување ср.