забрише

Глагол, свршен

Значење на забрише:

Избрише нешто малку, згора-згора. Ја забриша потта од челото. Ги забриша со ракавот насолзените очи. Ќе си ги забришете чевлите и ќе влезете внатре.

Коњугација: забришаа , забришав , забришал , забришан , забришат , забришен, забришете , забриши , (ќе) забришеа , (ќе) забришев , (ќе) забришел .

Изведени зборови:

  • забришување, глаг. им. ср.
  • се ~ забрише, Се избрише малку. Извади шамиче да се забрише од кафето. Се забриша со полата од гуната.
  • (се) забришува, глаг. несв. (се) забришуваат

Оригинални податоци:

забрише, забришат; забриши, забришете; забришав, забришаа; забришал; забришан; (ќе) забришев, (ќе) забришеа; (ќе) забришел; забришен св. Избрише нешто малку, згора-згора. Ја забриша потта од челото. Ги забриша со ракавот насолзените очи. Ќе си ги забришете чевлите и ќе влезете внатре. ● се ~ Се избрише малку. Извади шамиче да се забрише од кафето. Се забриша со полата од гуната. ‖ (се) забришува, (се) забришуваат несв. ‖ глаг. им. забришување ср.