забрза
Значење на забрза:
1. Почне да брза; брза_2 Забрза по улицата. Го забрза чекорот. Го забрзаа одот.
2. Направи да се врши, да се одвива нешто побрзо. Земјоделците ја забрзаа сеидбата на житни култури. Го забрзавме прокопувањето на тунелот.
Коњугација: забрзаат.
Изведени зборови:
- забрзување, глаг. им. ср.
- се ~ забрза, Почне да се брза. Тој поцрвене и се забрза. По надолништето сите се забрзаа.
- (се) забрзува, глаг. несв. (се) забрзуваат
Оригинални податоци:
забрза, забрзаат св. 1. Почне да брза; сп. брза 2. Забрза по улицата. Го забрза чекорот. Го забрзаа одот. 2. Направи да се врши, да се одвива нешто побрзо. Земјоделците ја забрзаа сеидбата на житни култури. Го забрзавме прокопувањето на тунелот. ● се ~ Почне да се брза. Тој поцрвене и се забрза. По надолништето сите се забрзаа. ‖ (се) забрзува, (се) забрзуваат несв. ‖ глаг. им. забрзување ср.