забрзан
Значење на забрзан:
1. Што се прави, се одвива побрзо од обично. Забрзан развој. Забрзано дишење. Забрзани чекори.
2. Што е брз, подвижен, раздвижен. Беше возбуден и забрзан. По патот сретна еден забрзан болничар.
Членувана форма: забрзаниот.
Изведени зборови:
- забрзано, прил. Дишеше тивко и забрзано. Бригадата маршира забрзано.
- забрзаност, и. ж.
Оригинални податоци:
забрзан, забрзаниот прид. 1. Што се прави, се одвива побрзо од обично. Забрзан развој. Забрзано дишење. Забрзани чекори. 2. Што е брз, подвижен, раздвижен. Беше возбуден и забрзан. По патот сретна еден забрзан болничар. ‖ забрзано прил. Дишеше тивко и забрзано. Бригадата маршира забрзано. ‖ забрзаност ж.