забуричка

Глагол, свршен

Значење на забуричка:

1. Почне да буричка; буричка_1_2 Со машата забуричка низ жарта. Го отвори долапот и забуричка низ наредените шишиња.

2. (прен.) Замеша, заплетка. Не требаше да ја забуричкате работата.

Коњугација: забуричкаат.

Изведени зборови:

  • се ~ забуричка, Се замеша, се заплетка. Се забуричкал во политика. Во него се забуричкаа нејасни чувства.
  • (се) забуричкува, глаг. несв. (се) забуричкуваат

Оригинални податоци:

забуричка, забуричкаат св. 1. Почне да буричка; сп. буричка 1 и 2. Со машата забуричка низ жарта. Го отвори долапот и забуричка низ наредените шишиња. 2. (прен.) Замеша, заплетка. Не требаше да ја забуричкате работата. ● се ~ Се замеша, се заплетка. Се забуричкал во политика. Во него се забуричкаа нејасни чувства. ‖ (се) забуричкува, (се) забуричкуваат несв.