зачади
Значење на зачади:
1. Почне да чади, да испушта чад. Оџакот зачади.
2. Почне да чади со нешто. Попот зачади со темјанот. Старецот зеде цигара и зачади.
3. Исполни просторија со чад. Ја зачадија собата со цигари.
Коњугација: зачадат.
Изведени зборови:
- зачадување, глаг. им. ср.
- зачадува (се), глаг. несв. (се) зачадуваат
- се ~ зачади, Собата се зачади од влажните дрва во шпоретот.
Оригинални податоци:
зачади, зачадат св. 1. Почне да чади, да испушта чад. Оџакот зачади. 2. Почне да чади со нешто. Попот зачади со темјанот. Старецот зеде цигара и зачади. 3. Исполни просторија со чад. Ја зачадија собата со цигари. ● се ~ Собата се зачади од влажните дрва во шпоретот. ‖ зачадува (се), (се) зачадуваат несв. ‖ глаг. им. зачадување ср.