зачепи
Значење на зачепи:
Затвори со чеп; затне. Откако наточи од виното, тој повторно го зачепи бурето.Коњугација: зачепат.
Изведени зборови:
- зачепува, глаг. несв. зачепуваат
- зачепување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Зачепи уста (некому) – не даде можност некому да зборува, принуди некого да замолчи со силата на своите аргументи.
Оригинални податоци:
зачепи, зачепат св. Затвори со чеп; затне. Откако наточи од виното, тој повторно го зачепи бурето. ‖ зачепува, зачепуваат несв. ‖ глаг. им. зачепување ср. ◊ Зачепи уста (некому) – не даде можност некому да зборува, принуди некого да замолчи со силата на своите аргументи.