зачепка
Значење на зачепка:
1. Почне да чепка; чепка. Зачепка нешто од вратата.
2. Почне да допира. Внучето го зачепка дедото по мустаките.
3. (прен.) Почне да задева. Палавото момче зачепка едно девојченце и го расплака.
4. (прен.) Почне нешто да работи по малку. Тој зачепка нов бизнис.
Коњугација: зачепкаат.
Изведени зборови:
- се ~ зачепка, 1. Почне да се гребе. Се зачепка по штотуку зараснатата гребаница. 2. (прен.) Почне да се задева со некого. Мачињата се зачепкаа по муцињата. Се зачепкаа децата нешто од инает и ја дотуркаа до тепачка.
- (се) зачепкува, глаг. несв. (се) зачепкуваат
Оригинални податоци:
зачепка, зачепкаат св. Почне да чепка; сп. чепка. Зачепка нешто од вратата. 2. Почне да допира. Внучето го зачепка дедото по мустаките. 3. (прен.) Почне да задева. Палавото момче зачепка едно девојченце и го расплака. 4. (прен.) Почне нешто да работи по малку. Тој зачепка нов бизнис. ● се ~ 1. Почне да се гребе. Се зачепка по штотуку зараснатата гребаница. 2. (прен.) Почне да се задева со некого. Мачињата се зачепкаа по муцињата. Се зачепкаа децата нешто од инает и ја дотуркаа до тепачка. ‖ (се) зачепкува, (се) зачепкуваат несв.