зачеша

Глагол, свршен

Значење на зачеша:

1. Почне да чеша. Тој ја зачеша главата.

2. Чеша малку, во помала мера и со намален интензитет. Го зачеша детето по грпчето.

Коњугација: зачешаат.

Изведени зборови:

  • се ~ зачеша, Само што ги допре копривите, девојчето силно се зачеша.
  • (се) зачешува, глаг. несв. (се) зачешуваат

Оригинални податоци:

зачеша, зачешаат св. 1. Почне да чеша. Тој ја зачеша главата. 2. Чеша малку, во помала мера и со намален интензитет. Го зачеша детето по грпчето. ● се ~ Само што ги допре копривите, девојчето силно се зачеша. ‖ (се) зачешува, (се) зачешуваат несв.