зачешла
Значење на зачешла:
1. Почне да чешла. Таа ја зачешла долгата бујна коса со бавни и хармонични движења на рацете.
2. Исчешла малку, набрзина. Мајката не успеа ни да го измие детето, само го зачешла набрзина.
3. Со чешлање среди коса. Тој ја зачешла косата на патец. Девојчето ја зачешла косата зад уши.
Коњугација: зачешлаат.
Изведени зборови:
- зачешлување, глаг. им. ср.
- се ~ зачешла, 1. Почне да се чешла. Се зачешла гледајќи се во огледалото и се замисли. 2. Се исчешла малку, набрзина. Набрзина стана, се изми, се зачешла и истрча надвор. Се зачешла во лифтот. 3. Со чешлање си ја среди косата. Тој се зачешла нагоре.
- (се) зачешлува, глаг. несв. (се) зачешлуваат
Оригинални податоци:
зачешла, зачешлаат св. 1. Почне да чешла. Таа ја зачешла долгата бујна коса со бавни и хармонични движења на рацете. 2. Исчешла малку, набрзина. Мајката не успеа ни да го измие детето, само го зачешла набрзина. 3. Со чешлање среди коса. Тој ја зачешла косата на патец. Девојчето ја зачешла косата зад уши. ● се ~ 1. Почне да се чешла. Се зачешла гледајќи се во огледалото и се замисли. 2. Се исчешла малку, набрзина. Набрзина стана, се изми, се зачешла и истрча надвор. Се зачешла во лифтот. 3. Со чешлање си ја среди косата. Тој се зачешла нагоре. ‖ (се) зачешлува, (се) зачешлуваат несв. ‖ глаг. им. зачешлување ср.