зачести
Значење на зачести:
1. Почне да прави нешто често. Тој зачести да оди кај нив. Вие зачестивте со планинарење.
2. (само во 3 л.) Почне нешто да станува; да се случува често. Зачестија грабежите за време на летните одмори. Зачестија средбите меѓу двата тима.
Коњугација: зачестат.
Изведени зборови:
- зачестува, глаг. несв. зачестуваат
Оригинални податоци:
зачести, зачестат св. 1. Почне да прави нешто често. Тој зачести да оди кај нив. Вие зачестивте со планинарење. 2. (само во 3 л.) Почне нешто да станува; да се случува често. Зачестија грабежите за време на летните одмори. Зачестија средбите меѓу двата тима. ‖ зачестува, зачестуваат несв.