зачкрипи
Значење на зачкрипи:
1. За автомобил, за врата и сл. – почне да чкрипи. Одненадеж зачкрипеа сопирачки од автомобил. Возот продорно зачкрипе. Вратата зачкрипе и детето влезе внатре.
2. За заби; зачкрта. Продавачот зачкрипе со забите и нешто промрмори.
3. (прен.) За работа што не оди како што треба. Продажбата на производот зачкрипе. Во последната фаза работата зачкрипе.
Коњугација: зачкрипат.
Изведени зборови:
- зачкрипува, глаг. несв. зачкрипуваат
- зачкрипување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
зачкрипи, зачкрипат св. 1. За автомобил, за врата и сл. – почне да чкрипи. Одненадеж зачкрипеа сопирачки од автомобил. Возот продорно зачкрипе. Вратата зачкрипе и детето влезе внатре. 2. За заби; сп. зачкрта. Продавачот зачкрипе со забите и нешто промрмори. 3. (прен.) За работа што не оди како што треба. Продажбата на производот зачкрипе. Во последната фаза работата зачкрипе. ‖ зачкрипува, зачкрипуваат несв. ‖ глаг. им. зачкрипување ср.