зачлени

Глагол, свршен

Значење на зачлени:

Запише некого за член во некоја организација, друштво и сл. Родителите без да ја прашаат ја зачленија во играорната секција. По негова желба го зачленија во еколошко друштво.

Коњугација: зачленат.

Изведени зборови:

  • зачленување, глаг. им. ср.
  • се ~ зачлени, Стане член. Тој меѓу првите се зачлени во партијата.
  • (се) зачленува, глаг. несв. (се) зачленуваат

Оригинални податоци:

зачлени, зачленат св. Запише некого за член во некоја организација, друштво и сл. Родителите без да ја прашаат ја зачленија во играорната секција. По негова желба го зачленија во еколошко друштво. ● се ~ Стане член. Тој меѓу првите се зачлени во партијата. ‖ (се) зачленува, (се) зачленуваат несв. ‖ глаг. им. зачленување ср.