зачмае
Значење на зачмае:
1. Почне да чмае. Зачмаја на тоа работно место, не ни помисли да менува нешто. Цвеќето нешто не вирее, зачмаја.
2. Остане долго некаде. Зачмаја во кафеаната цел ден.
Коњугација: зачмаат , зачмаен, зачмај , зачмајаа , зачмајав , зачмајал , зачмајан , зачмајте , (ќе) зачмаев , (ќе) зачмаеја , (ќе) зачмаел .
Изведени зборови:
- зачмајување, глаг. им. ср.
- се ~ зачмае, Се задржи долго некаде. Се зачмаја во куќата и ги избегнуваше луѓето.
- (се) зачмајува, глаг. несв. (се) зачмајуваат
Оригинални податоци:
зачмае, зачмаат ; зачмај, зачмајте; зачмајав, зачмајаа; зачмајал; зачмајан, (ќе) зачмаев, (ќе) зачмаеја; (ќе) зачмаел; зачмаен св. 1. Почне да чмае. Зачмаја на тоа работно место, не ни помисли да менува нешто. Цвеќето нешто не вирее, зачмаја. 2. Остане долго некаде. Зачмаја во кафеаната цел ден. ● се ~ Се задржи долго некаде. Се зачмаја во куќата и ги избегнуваше луѓето. ‖ (се) зачмајува, (се) зачмајуваат несв. ‖ глаг. им. зачмајување ср.