зачне
Значење на зачне:
1. Затрудни, стане бремена. Се омажи, но две години не зачна.
2. Почне, започне некаква дејност. Тој ја зачна културно-просветната борба во градот.
3. (прен.) Зароди, се појави, се покаже нешто. Од тој ден зачна сомнежот што го мачеше долго.
Коњугација: зачнаа , зачнав , зачнал , зачнат , зачнат , зачнете , зачни , (ќе) зачнеа , (ќе) зачнев , (ќе) зачнел.
Изведени зборови:
- зачнување, глаг. им. ср.
- се ~ зачне, 1. Се зачне плод. Третото дете се зачна непланирано. 2. (прен.) Се зароди. Се зачна во него желбата да го измени светот.
- (се) зачнува, глаг. несв. (се) зачнуваат
Оригинални податоци:
зачне, зачнат; зачни, зачнете; зачнав, зачнаа; зачнал; зачнат; (ќе) зачнев, (ќе) зачнеа; (ќе) зачнел св. 1. Затрудни, стане бремена. Се омажи, но две години не зачна. 2. Почне, започне некаква дејност. Тој ја зачна културно-просветната борба во градот. 3. (прен.) Зароди, се појави, се покаже нешто. Од тој ден зачна сомнежот што го мачеше долго. ● се ~ 1. Се зачне плод. Третото дете се зачна непланирано. 2. (прен.) Се зароди. Се зачна во него желбата да го измени светот. ‖ (се) зачнува, (се) зачнуваат несв. ‖ глаг. им. зачнување ср.