зачуден
Значење на зачуден:
Тој што е обземен од чудење, од изненадување. Зачуден поглед. Тој се сврте зачуден не верувајќи на сопствените уши.Членувана форма: зачудениот.
Изведени зборови:
- зачудено, прил. Зачудено се погледнаа. Таа го гледаше зачудено.
- зачуденост, и. ж. зачуденоста
Оригинални податоци:
зачуден, зачудениот прид. Тој што е обземен од чудење, од изненадување. Зачуден поглед. Тој се сврте зачуден не верувајќи на сопствените уши. ‖ зачудено прил. Зачудено се погледнаа. Таа го гледаше зачудено. ‖ зачуденост, зачуденоста ж.