зачуди

Глагол, свршен

Значење на зачуди:

Предизвика чудење, предизвика восхит, изненадување. Постапката го зачуди. Зачуди нејзиното ненадејно излегување од состанокот.

Коњугација: зачудат.

Изведени зборови:

  • зачудување, глаг. им. ср.
  • се ~ зачуди, Се изненади. Тој се зачуди колку многу народ имаше на плоштадот. Мајката се зачуди на зрелите зборови од своето дете.
  • (се) зачудува, глаг. несв. (се) зачудуваат

Оригинални податоци:

зачуди, зачудат св. Предизвика чудење, предизвика восхит, изненадување. Постапката го зачуди. Зачуди нејзиното ненадејно излегување од состанокот. ● се ~ Се изненади. Тој се зачуди колку многу народ имаше на плоштадот. Мајката се зачуди на зрелите зборови од своето дете. ‖ (се) зачудува, (се) зачудуваат несв. ‖ глаг. им. зачудување ср.