зачука

Глагол, свршен

Значење на зачука:

1. Почне да чука, да удира, да тропа. Некој зачука на вратата. Од изутрина кај зачукал.

2. Почне да чука, произведувајќи звук на чукање. Зачука камбаната. Ковачот зачука со чеканот.

3. Почне да чука за да собере плод. Сите зачукаа по снопјата. Дедото со долг стап зачука по оревот.

4. Почне да удира, да отчукува (за часовник, срце и сл.) Зачука ѕидниот часовник. Срцето на дедото силно зачука. Крвта силно му зачука по дамарите.

Коњугација: зачукаат.

Изведени зборови:

  • зачукување, глаг. им. ср.
  • се ~ зачука, (разг.) Се удри во нешто (поради невнимание). Гледајќи во торбичето детето се зачука во бандерата.
  • (се) зачукува, глаг. повт. (се) зачукуваат

Оригинални податоци:

зачука, зачукаат св. 1. Почне да чука, да удира, да тропа. Некој зачука на вратата. Од изутрина кај зачукал. 2. Почне да чука, произведувајќи звук на чукање. Зачука камбаната. Ковачот зачука со чеканот. 3. Почне да чука за да собере плод. Сите зачукаа по снопјата. Дедото со долг стап зачука по оревот. 4. Почне да удира, да отчукува (за часовник, срце и сл.) Зачука ѕидниот часовник. Срцето на дедото силно зачука. Крвта силно му зачука по дамарите. ● се ~ (разг.) Се удри во нешто (поради невнимание). Гледајќи во торбичето детето се зачука во бандерата. ‖ (се) зачукува, (се) зачукуваат повт. ‖ глаг. им. зачукување ср.