зачува

Глагол, свршен

Значење на зачува:

1. Почне да чува, да одгледува нешто. Зачуваа кокошки.

2. Сочува нешто во помала мера, на покус временски период и сл. Сосетката и го зачува детето додека таа пазаруваше. Зачува малку од ручекот за гостинот.

3. Дочува, сочува нешто од негативно влијание или дејство. Селаните ги зачуваа посевите од мраз. Таа ги зачува продуктите од расипување.

4. Сочува во приватна сопственост; заштеди. Тој зачува пари за да ја изненади мајка си за роденденот. Таа тајно зачува малку пари.

5. а) Сочува, задржи, не наруши дадена состојба. Зачува мир. Зачува ред. Зачува пријателство. Во тешки моменти треба да се зачува присебноста. б) Дочува здравје, остане здрав. Зачува нерви. Го зачува лицето младо и свежо сѐ до длабока старост.

Коњугација: зачуваат.

Изведени зборови:

  • зачувување, глаг. им. ср.
  • се ~ зачува, 1. Се сочува, се дочува нешто од уништување, од заборав. Неколку фотографии се зачувале сосема случајно. 2. Се сочува, се дочува нешто во дадена состојба. Се зачува мирот и присебноста и покрај изразените несогласувања. Древниот начин на подготовка на виното се зачувал до денес. 3. Остане здрав, се заштити. Јадете многу овошје за да се зачувате од настинки и грипови. Со овој лек ќе се зачувате од можните компликации.
  • (се) зачувува, глаг. несв. (се) зачувуваат

Оригинални податоци:

зачува, зачуваат св. 1. Почне да чува, да одгледува нешто. Зачуваа кокошки. 2. Сочува нешто во помала мера, на покус временски период и сл. Сосетката и го зачува детето додека таа пазаруваше. Зачува малку од ручекот за гостинот. 3. Дочува, сочува нешто од негативно влијание или дејство. Селаните ги зачуваа посевите од мраз. Таа ги зачува продуктите од расипување. 4. Сочува во приватна сопственост; заштеди. Тој зачува пари за да ја изненади мајка си за роденденот. Таа тајно зачува малку пари. 5. а) Сочува, задржи, не наруши дадена состојба. Зачува мир. Зачува ред. Зачува пријателство. Во тешки моменти треба да се зачува присебноста. б) Дочува здравје, остане здрав. Зачува нерви. Го зачува лицето младо и свежо сѐ до длабока старост. ● се ~ 1. Се сочува, се дочува нешто од уништување, од заборав. Неколку фотографии се зачувале сосема случајно. 2. Се сочува, се дочува нешто во дадена состојба. Се зачува мирот и присебноста и покрај изразените несогласувања. Древниот начин на подготовка на виното се зачувал до денес. 3. Остане здрав, се заштити. Јадете многу овошје за да се зачувате од настинки и грипови. Со овој лек ќе се зачувате од можните компликации. ‖ (се) зачувува, (се) зачувуваат несв. ‖ глаг. им. зачувување ср.