зацрта

Глагол, свршен

Значење на зацрта:

1. Почне да црта. Уметникот вешто зацрта по хамерот.

2. Направи план, набележи насоки на работа, на дејствување. Компанијата зацрта во својот годишен план зголемување на извозот.

Коњугација: зацртаат.

Изведени зборови:

  • зацртува, глаг. несв. зацртуваат
  • зацртување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

зацрта, зацртаат св. 1. Почне да црта. Уметникот вешто зацрта по хамерот. 2. Направи план, набележи насоки на работа, на дејствување. Компанијата зацрта во својот годишен план зголемување на извозот. ‖ зацртува, зацртуваат несв. ‖ глаг. им. зацртување ср.