зад

Предлог

Значење на зад:

1. Местоположба од другата, задната, обратната страна на нешто, одзади. Зад ридот се крева густ чад. Децата се криеја зад тарабите.

2. Временска определба: Зад Илинден фатија големи горештини.

3. (прен.) За искажување поддршка, поткрепа на некого или на нешто. Се однесува така затоа што знае дека зад него е управниот одбор.

4. (прен.) За искажување прикриени, привидни признаци, маскираност. Никој не можеше да насети дека зад нејзината мила насмевка се крие голема болка. Ретко кој знаеше дека зад ова необично име се крие еден Македонец од Костурско.

Оригинални податоци:

зад предл. 1. Местоположба од другата, задната, обратната страна на нешто, одзади. Зад ридот се крева густ чад. Децата се криеја зад тарабите. 2. Временска определба: Зад Илинден фатија големи горештини. 3. (прен.) За искажување поддршка, поткрепа на некого или на нешто. Се однесува така затоа што знае дека зад него е управниот одбор. 4. (прен.) За искажување прикриени, привидни признаци, маскираност. Никој не можеше да насети дека зад нејзината мила насмевка се крие голема болка. Ретко кој знаеше дека зад ова необично име се крие еден Македонец од Костурско.